Бројот на новозаразени и на хоспитализирани со ковид се намалува

од Берта Китинска

Бројот на заразени како и на починати од ковид 19 во земјава бележи пад.

Иако бројот на заболени се намалува, Владата донесе одлука полицискиот час од полноќ до 4 часот  да остане на сила до 1 јуни.

Една доза вакцина досега примиле 40 отсто од населението над 70 години во земјава и 33 отсто кои се на возраст над 65 години. Аплицирани се 207 219 дози, а ревакцина примиле 31 599 граѓани. Според податоците од Министерството за здравство, преку веб-платформата vakcinacija.mk интерес да се вакцинираат изразиле речиси 377 илјади граѓани.

Се намалува и бројот на хоспитализирани поради компликации, така што болниците затвораат дел од капацитетите наменети за ковид-пациенти. Во претходното деноноќие, како што беше соопштено, немало приеми на Интерните клиники во главниот град. Министерството за здравство вчера соопшти дека на болничко лекување се 457 пациенти позитивни и сомнителни на вирусот, од кои 193 во Скопје и 264 на инфективните одделенија во другите градови низ земјава, а има околу 680 празни болнички кревети.

Слични содржини