Бројот на новозаразени во Велика Британија опаѓа петти ден по ред

од Nikola Popovski

Бројот на нови случаи со коронавирус опадна петти ден по ред во Велика Британија, каде денес се евидентирани 29.173 лица заразени, додека 28 лица починаа.

Во претходните четири дена, бројките се движеа помеѓу 31.795 до 46.558 дневно заболени, покажаа владините податоци.

И покрај падот на новите случаи, бројот на хоспитализирани лица се зголеми, па во петокот во болниците во Велика Британија имало 4.401 пациент, што е најголем број хоспитализирани од 22 март.

Слични содржини