Бројот на оздравени пациенти двојно поголем од оној на новозаболени

од Берта Китинска

Полека се намалува бројот на новозаразени со коронавирусо во земјава. Завчера беа регистрирани 46 нови случаи, а вчера 237 новозаболени.

Според статистиката на Институтот за јавно здравје, бројот на оздравени пациенти е речиси двојно поголем од оној на новозаболени

-Во изминатиот период евидентно е намалувањето на притисокот врз болниците и на бројот на новодијагностицирани. Завчерашниот ден е првиот ден кога на интерните клиники немало ниту еден нов прием на болни од ковид-19 вирусот. Бројките значајно се намалуваат. Значително се намалуваат новодијагноцираните на ден, се намалува факторот на преносливост и се намалува бројот на пациенти кои треба да се хоспитализираат.

Но, не се исклучува можноста да има некој минипик и понатаму како резултат на непочитувањето на мерките. Нашиот здравствен систем е подготвен да пресретне и следен бран. Верувам дека граѓаните ќе продолжат совесни да се однесуваат и дека ќе нема криза, но подготвени сме да пресретнеме таков бран. Затоа, апелирам до сите празнувајте одговорно и помогнете си на себе, на вашите најблиски, на здравствените работници, на сите нас!, изјави неодамна министерот за здравство Венко Филипче.

Во февруари ги добиваме првите дози на Фајзер вакцината.

Република Северна Македонија во февруари ги добива првите дози на Фајзер вакцината.Според најавтите следните дози од вакцината на Фајзер ќе пристигнат во март и април.

Преку Ковакс механизмот се набавени 833 илјади вакцини за популација од околу 400 илјади граѓани за вакцина и ревакцинација. Нашата земја аплицирала за дополнителни 800 илјади дози преку Европската Унија која е во постапка за набавка на 100 милиони дози за земјите од Европа надвор од Унијата.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 84024, бројката на оздравени пациенти е 62929, на починати е 2530, а бројот на активни случаи изнесува 18565.

Слични содржини