Бројот на починати и натаму висок: 18 годишна девојка е најмладата жртва на ковид

од Берта Китинска

Бројот на починати од ковид 19 останува околу 30 дневно, но има мал пад на бројот на новозаразени изминативе денови.

Вчера меѓу починатите е и 18-годишна девојка од Гевгелија која била бремена во седми месец и имала коморбидитети, тешко срцево заболување и редок генетски синдром.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 181.875, бројката на оздравени пациенти е 162.060, на починати е 6.184, а бројот на активни случаи изнесува 13.631.

Слични содржини