Бројот на позитивни лица се намалува: Вирусот се уште е активен во овие градови

од Берта Китинска

Бројот на новозаболени се намалува, воедно намален е и бројот на пациенти на кои имале потреба од хоспитализација.

Во болниците низ државата се лекуваат вкупно 1.102 пациенти со ковид-19, а од нив 465 се во Скопје и 637 во другите градови. Утрово, според Министерството за здравство, имало околу 740 слободни болнички кревети од кои 291 во Скопје.

Според вчерашната статистика на министерството за здравство најголем број активни случаи има во:

Скопје 67404, активни 6635

Куманово 8556, активни 1077

Прилеп 8179, активни 658

Тетово 7114, активни 551

Битола 6151, активни 928

Велес 5407, активни 511

Додека пак најмалку има во:

Дојран 132, активни 7

Кратово 353, активни 9

Македонска Каменица 232, активни 15

Пехчево 262, активни 18

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 152.581, бројката на оздравени пациенти е 133.070, на починати е 4.891, а бројот на активни случаи изнесува 14.620.

Слични содржини