Бројот на смртни случаи од коронавирус надмина 300.000

од Vladimir Zorba

Бројот на смртни случаи од коронавирус во светот денес надмина 300.000, а просечната стапка на смртност е 6,7 проценти, објави порталот worldmeters.

Најголем број на жртви од КОВИД-19 има во САД, каде загинале 85.518 лица, а во Европа најголем број смртни случаи, 33.614, има во Велика Британија.

Највисока стапка на смртност во однос на бројот на пациенти од 16,4 проценти е регистрирана во Белгија, додека во Русија, според официјалните податоци, таа е само 0,91 проценти.

Со 768 смртни случаи на милиони жители, Белгија е исто така на прво место, додека Индија има само двајца, а Кина има три смртни случаи на милион жители.

Слични содржини