Бројот на смртни случаи во Турција се зголеми на 649, заразени повеќе од 30.000 луѓе

од Vladimir Zorba

Во Турција бројот на загинати од коронавирусот се зголеми за 75 лица денес на 649, изјави турскиот министер за здравство, Фахретин Коча на Твитер.

Тој напиша дека бројот на новозаразени се зголемил за 3.148, на 30.217, објави Ројтерс.

Според него, за КОВИД-19 биле тестирани 21.400 лица во последните 24 часа во Турција.

Слични содржини