Бројот на вакцинирани расте поради 3.000 динари, вели Вучиќ

од Vladimir Zorba

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека бројот на заинтересирани за вакцинација против коронавирус се зголеми откако државата објави финансиска поддршка од 3.000 динари за вакцинираните, но дека тоа сè уште не е доволно.

„Пред тоа, во просек имавме околу 8.900 вакцинирани лица на ден, а сега околу 23.000, што е, на крајот, еден мал град. Не е лошо, но не е доволно. Не сме преполни“, рече Вучиќ при посетата на пунктот за вакцинација во белградската касарна Дедиње.

Тој додаде дека луѓето сметаат дека не треба да се вакцинираат веднаш штом помине врвот на инфекцијата, но и дека се шират „милион најчудни теории на заговор“.

„Не можете да верувате кога ќе го слушнете тоа, но што можете да направите? Многу е важно (вакцинацијата) да продолжи и тоа да гоподобриме“, рече Вучиќ.

Слични содржини