Бројот на заболени од коронавирус во светот се ближи до 71 милион

од Stefanija Kuzmanovska

Бројот на заразени со коронавирусот во светот денес надмина 70 милиони луѓе, а бројот опасно се приближи на 71 милион, покажуваат податоците на страницата worldometers.info.

Во овој момент, 70.735.868 лица се разболеле од корона, а 1.588 милиони починале, додека 49,2 милиони се опоравиле.

Бројот на пациенти кои имаат полесна форма на корона е 19,8 милиони или 99,5 проценти, додека бројот на пациенти во сериозна состојба е 106.676, или 0,5 проценти.

Најмногу пациенти имаат САД, повеќе од 16 милиони, следени од Индија со 9,7 милиони и Бразил со 6,7 милиони луѓе заразени со корона.

Слични содржини