Бројот на загинати од коронавирус надмина 70.000

од Stefanija Kuzmanovska

Бројот на потврдени смртни случаи во светот од коронавирус надмина 70.000 и во моментов изнесува 70.446.

Вкупно 1.286.229 луѓе се разболеле.

Во однос на смртните случаи, Италија е сè уште најтешко погодена, со досега загинати 15.887 лица. Инфицирани се вкупно 128.948 лица, од кои 91.246 биле излечени.

Најпогодениот регион е Ломбардија, а голем број заразени здравствени работници се пријавени во таа земја.

Слични содржини