Бројот на загинати од земјотресот во источна Турција достигна 29 лица

од Vladimir Zorba

Бројот на загинати од вчерашниот земјотрес во источна Турција достигна 29 лица јави турскиот телевизиски канал ТРТ.

Бројот на повредени исто така се зголемува, па според на турската Служба за вонредни состојби и природни непогоди во земјотресот биле повредени 1466 лица.

Турските медиуми јавуваат дека од под урнатините, спасувачките екипи успеале да извлечат живи најмалку 43 лица.

Во најпогодената област Елазиг, денеска повторно беше регистриран земјотрес со јачина од 5,1 степен по Рихтеровата скала. Земјотресот се случи околу 19.30 часот по локално време, на длабочина од 10 километри, јави американскиот Геолошки институт. Засега нема информации за повредени во денешниот земјотрес.

За жителите на провинцијата Елазиг, тоа беше втор голем земјотрес што го погоди регионот за помалку од два дена. Вчерашниот земјотрес, со јачина од 6,8 степени покрај човечките жртви, уништи и неколку згради, а предизвика и најмалку еден пожар.

Слични содржини