Бројот на заразени е трицифрен на дневна основа, а изборната кампања е во полн ек

од Nikola Popovski

Во последните 24 часа во Белорусија биле потврдени 704 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број на заразени изнесува 52.520.

Ова е најнизок дневен пораст на нови случаи во последниот месец и половина.

Пет лица починале во последните 24 часа, а вкупно 298, се наведува на официјалниот профил на Телеграм на министерството.

До денес, 27.760 пациенти се излечени, а тестирани се скоро 700.000 граѓани.

Властите во Белорусија не воведоа рестриктивни мерки поради пандемијата. Дозволени се масовни собири и во тек е кампањата за претседателските избори, што ќе се одржат на 9 август.

Светската здравствена организација објави дека Белорусија е во првите пет европски земји во однос на бројот на инфекции со коронавирус регистрирани во последните две недели.

Слични содржини