Бројот на заразени лица во светот надмина 16 милиони

од Vladimir Zorba

Бројот на потврдени случаи на заразени со коронавирус во светот денес надмина 16 милиони.

Според Универзитетот „Џонс Хопкинс“, САД се на прво место со 4,1 милион, а потоа следат Бразил со 2,3 милиони и Индија со 1,3 милиони.

Соединетите Американски држави го држат неславниот рекорд со најголем број смртни случаи од Ковид-19 – 146.460.

Следни се Бразил со 86.449 и Велика Британија со 45.823 смртни случаи.

Слични содржини