Бројот на заразени по службата во црква во Франкфурт се зголеми на 107

од Vladimir Zorba

Бројот на заразени со новиот коронавирус по верската служба во црква во Франкфурт се зголеми на 107, соопштија денеска германските власти.

Министерот за здравство на сојузната држава Хесен, Кај Клосе, рече дека заразените живеат во Франкфурт и три други области во истиот регион, јави агенцијата ДПА.

Богослужбата во баптистичката црква се одржа на 10 мај, а нејзините претставници наведуваат дека се почитувале пропишаните правила за хигиена и растојанието од 1,5 метри меѓу верниците.

Властите во Франкфурт изјавија дека повеќето од заразените биле најверојатно заразени по црковната служба, а не за време.

На 20 април, Германија започна со ублажување на ограничувањата воведени за борба против вирусот, а бројот на нови случаи продолжува да опаѓа на национално ниво.

Според официјалните податоци, вирусот е потврден во Германија кај повеќе од 180.000 луѓе, од кои починале повеќе од 8.300.

Слични содржини