Бројот на заразени расте, италијанската влада воведува нови мерки

од Vladimir Zorba

Денес италијанската влада објави нови мерки за борба против коронавирусот, по неколкудневниот раст на бројот на новозаразени.

Владата на Џузепе Конте и претставниците на регионалните власти се согласија да го скратат работното време на баровите и рестораните до 18 часот, како и да затворат спортски сали, кина и базени, казина и ноќни клубови. Властите исто така ги повикаа луѓето да не излегуваат непотребно и да ограничуваат контакт со некој друг, освен со потесното семејство.

По насилните протести во Неапол поради најавените мерки, властите не воведоа полициски час на ниво на целата земја или делумно затворање, а повеќето продавници и компании работат „нормално“.

Официјалните лица, исто така, повикаа три четвртини од часовите да се спроведуваат преку Интернет, како и на раководствата на училиштата да го ограничат бројот на ученици во училиштата.

Италија, која беше најтешко погодена западна земја во првиот бран на пандемијата, сега е „подобра“ од Шпанија и Франција, кои пријавија повеќе од милион заразени, но бројот на новозаболени расте експоненцијално и здравствените служби се под огромен притисок.

Медиумите објавија дека во Италија луѓето умираат чекајќи кревет во болница.

Според последните податоци, во Италија вчера се регистрирани 19.644 нови случаи на Ковид-19, а пријавени се и 151 смртни случаи како резултат на оваа респираторна инфекција.

Слични содржини