„Бројот на заразени расте, но Косово нема да прифати вакцини од Србија“

од Vladimir Zorba

Министерот за здравство во заминување, Арменд Земај, изјави дека Косово нема да прифати вакцини против Ковид-19 од Србија и Русија.

Бројот на заразени лица на Косово се зголеми за 26%, а Земај посочува дека имунизацијата е единствениот спас, но ставот на Приштина е дека нема да прифаќа вакцини од Србија и Русија, туку само оние одобрени од Светската здравствена организација, пренесе порталот „Косово онлајн“.

На состанокот на Комитетот за координација и проценка на состојбата со коронавирус, Земај рече дека обезбедувањето на вакцината е единствениот начин да се спречи пандемијата, но исто така посочи дека Косово ќе прифати само вакцина одобрена од СЗО, а не од Русија и Србија.

„Вакцината е можност за спречување на вирусот, но ние јасно кажавме дека нема да прифаќаме вакцини од Србија од Русија. Косово ќе прифати само вакцини одобрени од СЗО“, прецизира Земај.

Слични содржини