Бројот на заразени со корона во светот се зголеми за 12 отсто

од Stefanija Kuzmanovska

Повеќе од 3,4 милиони случаи на коронавирус и 56.000 смртни случаи се регистрирани ширум светот минатата недела, соопшти Светската здравствена организација во неделниот билтен објавен рано утрово во Женева, што е зголемување за 12 проценти во споредба со претходната недела.

„Вкупниот број на нови случаи за периодот од 12 до 18 јули е 3,4 милиони, што е зголемување за 12 проценти во споредба со минатата недела“, изјави СЗО.

Починаа 56.000 пациенти, што е зголемување за еден процент во споредба со минатата недела, додава агенцијата ТАСС.

Слични содржини