Бројот на заразени со коронавирус во Индија надмина пет милиони

од Stefanija Kuzmanovska

Бројот на заразени со новиот коронавирус во Индија надмина пет милиони луѓе, соопшти денеска индиското Министерство за здравство.

Втората најбројна нација во светот регистрира еден милион новозаболени за само 11 дена.

Индија, со 5,02 заболени е втора земја во светот по бројот на заразени лица, по САД каде се пријавени 6,59 позитивни лица на новиот коронавирус.

Слични содржини