Бројот на заразени со коронавирус во светот денес надмина 6,5 милиони

од Stefanija Kuzmanovska

Бројот на заразени со коронавирус во светот денес надмина 6,5 милиони, но скоро половина од нив, поточно повеќе од 3,1 милиони луѓе, се сметаат за излечени, пренесе „б92“.

Според веб-страницата на Worldometers, 6.514.023 луѓе во светот се заразени со коронавирусот, 384.642 лица починале, додека 3.100.971 заболени се излечиле.

Бројот на заразени, таканаречени активни случаи е 3.028.410, а од нив 54.283, што е околу два проценти, се во тешка состојба состојба.

Слични содржини