Бројот на заразени со коронавирусот надмина 20 милиони

од Vladimir Zorba

Бројот на заразени со вирусот КОВИД-19 надмина 20 милиони и сега изнесува 20.023.522, објави на веб-страницата Worldomerters.

Од почетокот на епидемијата, загинаа 733.995 луѓе, а скоро 13 милиони се опоравиле.

Во моментов, активни се 6.391.539 случаи, а од вкупниот број на пациенти, еден процент од нив се во критична состојба.

Најлоша е ситуацијата во САД, Бразил и Индија, кои бележат огромен број случаи, а потоа следат Русија, Јужна Африка, Мексико и Перу.

Слични содржини