Бројот на заразени со KОВИД надмина 200 милиони, се шири делта сојот

од Stefanija Kuzmanovska

Во средата, бројот на случаи на инфекција со коронавирус во светот надмина 200 милиони, пренесе „Ројтерс“, додека делта сојот им се заканува на областите со ниска стапка на вакцинација.

Случаите растат во најмалку 83 од 240 земји и ги нарушуваат здравствените системи.

„Очајно сакаме оваа пандемија да заврши, но КОВИД-19 очигледно не заврши со нас. Затоа, нашата битка мора да трае уште малку“, рече Рошел Валенски, директор на Американскиот центар за контрола и превенција на болести, објави „Хина“.

Најмалку 2,6 проценти од светското население е заразено досега, но реалниот број веројатно е поголем, поради ограничените тестирања во многу области.

Потребна беше една година за случаите на КОВИД 19 да достигнат 100 милиони, додека следните 100 милиони беа пријавени во следните шест месеци, според податоците од анализата. Пандемијата усмрти речиси 4,4 милиони луѓе.

Слични содржини