Бројот на заразени во Европа надмина 500.000, повеќе од половина од вкупниот свет

од Stefanija Kuzmanovska

Бројот на заболени од коронавирус во Европа надмина 500.000, што е повеќе од половина од вкупниот број случаи во светот, пренесува АФП, повикувајќи се на официјални извори.


Има 508.227 заразени и 34.571 смртни случаи од КОВИД-19 на Стариот континент, споредено со глобалните податоци за 940.815 и 47.836.

Најпогодени земји се Италија со 13.155 смртни случаи и Шпанија со 10,003. И двете држави имаат повеќе од 100.000 потврдени заразени.

Сепак, вкупниот број за пандемијата се веројатно многу поголеми, бидејќи многу земји тестираат само случаи кои бараат хоспитализација.

Слични содржини