Бруклин Бекам ќе ја снима турнејата на „Спајс Грлс“ за 50 милиони фунти

од Vladimir Zorba

Изненадувачки или не, Бруклин Бекам е официјално назначен за фотограф на повторно собраниот женски бенд „Спајс Грлс“. 18-годишниот син на Дејвид и Викторија во моментов учи во училиштето за дизајн Парсонс, Њујорк, и ќе се одмори, за да се приклучи кон мајка си и нејзините колешки за време на претстојната турнеја.

Според „Дејли Стар“, тој ќе има целосни права да ги фотографира сите дами на бендот за време на концертите и да создаде ексклузивни снимки зад сцената. За својата работа тој ќе биде награден доста великодушно. Според британското издание, неговата такса ќе изнесува 50 милиони фунти.

Бруклин, кој исто така е дизајнер, веќе студира да стане професионален фотограф, и со помош на неговите родители, сигурно е дека неговото портфолио ќе биде повеќе од завидно.

Минатата година, најстариот син на Дејвид Бекам објави книга со своите кадри, која стана вистински бестселер и се најде во рангирањата за најпродавани книги од 2017 година.

Слични содржини