Бруклин го отфрли Ирвинг поради антиваксерските ставови: „Тоа е негов избор“

од Nikola Popovski

Бруклин Нетс проговори за горчливиот проблем што овој клуб го има со Кајри Ирвинг, ѕвездата на тимот заедно со Кевин Дурант и Џејмс Харден.

Ирвинг, еден од најдобрите дриблери во НБА лигата, не сака да се вакцинира против коронавирус, и поради тоа, правилата не му дозволуваат да учествува во повеќето тимски активности.

Во Њујорк, постои ковид-правило според кое луѓето не можат да одат ниту во спортски сали ако не примиле барем една доза од вакцината.

Додека повеќето НБА играчи се вакцинирани, тоа не е наведено како строго задолжително и Ирвинг го користи иако ќе го плати цехот за неговата одлука, или преку неиграње или преку намалување на платата.

„Со оглед на развојот на ситуацијата и внимателното размислување, одлучивме дека Кајри Ирвинг нема да тренира и да игра со тимот додека не може целосно да учествува. Кајри направи личен избор и ние го почитуваме правото на личноста да избере“.

„Во моментов, изборот ја ограничува неговата способност да биде полноправен член на тимот и нема да дозволиме никој да биде на половина од тоа. Неопходно е да продолжиме да градиме хемија и да останеме верни на долгогодишните вредности на заедништво и жртвување“, се вели во соопштението на Нетс.

Иако Кајри е еден од најдобрите поентери со околу 26 поени во просек, Бруклин е подготвен да се откаже од тоа, но тоа не ги менува нивните амбиции.

„Нашите првенствени цели за следната сезона не се променети, за да ги постигнеме, секој член на нашата организација мора да оди во иста насока. Возбудени сме за почетокот на сезоната и со нетрпение очекуваме успешна кампања што ќе го направи Бруклин горд“, се додава во соопштението на Нетс.

 

Слични содржини