Брус Спрингстин најмногу заработил во 2021 година: Заработил „вртоглава“ сума на пари

од Vladimir Zorba

Брус Спрингстин е прогласен за најплатен музичар во 2021 година. Според списанието „Rollingstone“, тој минатата година инкасирал 590 милиони долари (431,3 милиони фунти), од кои најголем дел заработил со значителна продажба на неговиот музички каталог.

Договорот за рекорд на Спрингстин со „Sony Music“, проценет на 550 милиони долари (402,1 милиони фунти), ја означи најголемата продажба што музичарот некогаш ја остварил. Компанијата ја има стекнато сопственоста на целиот каталог на музичарот, кој вклучува 20 студиски албуми, 300 песни, седум EP-а, 23 записи во живо и повеќе.

Зад Брус Спрингстин е раперот Џеј Зи, кој заработил цифра од 470 милиони долари (343,6 милиони фунти). Најголем дел од неговата заработка дојде од продажбата на музичкиот сервис TIDAL од 302 милиони долари (220,8 милиони фунти) на поранешниот сопственик на Twitter – Џек Дорси.

Пред тоа, хип-хоперот ја купил оваа услуга за стриминг за 56 милиони долари (40,9 милиони фунти), пишува NME.

Слични содржини