287
Дваесет години по разводот, Брус Вилис и Деми Мур, поради итни случаи предизвикани од коронавирусот, повторно се најдоа под ист кров со семејството.
Тие неодамна објавија заедничка фотографија на која многумина се израдуваа, но сега следуваше шокантно видео.
Брус Вилис на својот Инстаграм сподели видео во кое ќерката Талула ја шиша до кожа, додека неговата поранешна сопруга му помага во тоа.
Сите тројца, како и остатокот од семејството, се задоволни од нејзината трансформација.
Талула има убава нова фризура, а таа е идентична со таа на Деми од филмот „Џи Ај Џејн“, што, ако се суди според коментарите, беше и планот.