Брус Вилис исфрлен од аптека: Не носел заштитна маска!

од Nikola Popovski

Брус Вилис бил исфрлен од продавница во Лос Анџелес, откако одбил да носи заштитна маска.

 

Луѓето во продавницата биле лути затоа што актерот не носел маска, иако имал марама околу вратот што можел лесно да ја стави и да ја користи како маска, пишува Page Six. Вилис на крајот ја напуштил продавницата без да купи ништо.

 

Лос Анџелес е епицентар на коронавирусот во Калифорнија, до сега пријавени се над 10.000 смртни случаи поврзани со коронавирус во градот.

 

Популарниот актер поголемиот дел од времето го поминал за време на пандемијата со неговата поранешна сопруга Деми Мур и нивните деца.

 

Подоцна им се придружиле и сегашната сопруга на Вилис, Ема Хеминг и нивните ќерки.

Слични содржини