Брус Вилис се повлече од јавноста поради тешка болест: Вака изгледа сега (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Актерот Брус Вилис пред неколку месеци сподели со јавноста дека боледува од афазија. Поради оваа болест тој стави крај на својата актерска кариера.

Тоа е јазично нарушување предизвикано од оштетување на одредена област на мозокот што влијае на способноста за комуникација, како и на многу други когнитивни способности.

Неговите ќерки, вклучувајќи ја и поранешната сопруга Деми Мур, од време на време објавуваа семејни слики, но Вилис ретко се појавуваше во јавноста оттогаш.

Деновиве во јавноста кружат нови фотографии од Вилис, а многумина коментираат колку одлично изгледа на фотографиите, никогаш не би рекле дека има 67 години, а камоли дека се бори со оваа тешка болест.

Слични содржини