БРУТАЛНО: Полицијата собори на земја девојка која не носеше маска (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

На улиците во Мелбурн е направено видео од насилно апсење на една жена. Тоа покажува дека полицаецот присилно турка жена кон ѕидот, држејќи ги рацете на вратот, а потоа ја руши на подот, објави „Си-Ен-Ен“.

Во соопштението се вели дека полицајците патролирале кога виделе 21-годишна жена како шета по улицата без заштитна маска. Тие решиле да ја уапсат откако таа одбила да им ги даде личните податоци.

Државата Викторија во неделата воведе вонредна состојба поради скок на локалниот пренос на коронавирусот, а жителите на Мелбурн мораат да носат маски некое време секој пат кога ќе ги напуштат своите домови. Казната за не носење маска е 120 евра.

Во видеото од инцидентот, може да се слушне жена како извикува „ме задушувате“, „тргни се од мене“ додека еден полицаец ги држи рацете на вратот и ја турка кон ѕидот.

Може да се слушне и глас на мажот кој снима: „Тргни се од неа“. Во еден момент, жената ја удри полицајката која се обиде да интервенира.

Набргу потоа, полицаецот ја фрли девојката на земја додека таа повторува: „Што направив, што направив“.

Тогаш интервенираше млад човек, велејќи дека таа е ослободена од носење заштитна маска.

Слични содржини