Брутално задушен уште еден малолетен Афроамериканец (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Штитеник на поправен дом во Соединетите држави, Афроамериканец, починал од срцев удар два дена по инцидент во кафетеријата на домот, во кој учествувале и седум члена на персоналот.

Персоналот на поправниот дом во Мичиген го држело младото момче за нозете и рацете и му седело на градите и стомакот, додека тој викал дека не може да дише, пренесе Асошиејтед Прес.

Видео од безбедносните камери од академијата Лејксајд во Каламазу го прикажува персоналот на оваа институција како го фрла на земја и го држи 16-годишниот Корнелиус Фредерикс на земја, откако еден млад човек фрлил сендвич во кафетеријата. Во тоа време имало околу десетина тинејџери.
Џефри Фригер, адвокат што го застапува починатиот, поднесе обвинение во јуни во кој се наведува дека на 29 април, персоналот на поправниот дом се обидел да го задржи Фредерикс на 12 минути, како што е снимено во видеото, кој викал дека не може да дише.

На видеото се прикажани неколку мажи како го соборуваатт младиот човек на земја, му ги држат рацете и нозете, а другите лежат или седат врз неговите градите и стомакот. На крајот од видеото, тинејџерот изгледал отечено додека персоналот се обидел да го исправи, по што повторно паднал на подот, кога другите луѓе кои се нашле таму се обиделе да го реанимираат. Адвокатот забележува дека Фредериксон воопшто не се спротивставил и дека цело време лежел неподвижен.

После тоа, срцето на младиот Афроамериканец престанало да работи, тој бил хоспитализиран, а починал два дена подоцна. Аутопсијата откри дека причината за смртта е задушување.

Двајца членови на персоналот, Мајкл Мозли и Захари Солис и медицинската сестра Хедер Мек Логлин беа отпуштени и обвинети за несовесно убиство и злоупотреба на деца од втор степен.

Адвокатот Џефри Фригер апелираше до надлежните органи обвинението да биде поднесено и против други напаѓачи, и тој посочува дека на видеото може јасно да се види дека многу повеќе од две лица се одговорни за смртта на младиот човек. Тој рече дека експертите го разгледале видеото и утврдиле дека одредени делови се избришани, но тој не кажал експлицитно дека сметал дека видеото е изменето, ниту пак објаснил што точно се случило со видеото и зошто.

Државата Мичиген во соопштението навела дека задушувањето на младиот човек се случило откако персоналот применил мерки за дисциплинирање на штитениците во домот, изјави Фрегер.

Корнелиус Фредерикс бил штитеник на Академијата на Лејксајд неколку години наназад, откако неговата мајка починала, а неговиот татко бил во затвор.

Академијата на Лејксајд и нејзиниот оператор Секел Мјунџ во соопштение наведоа дека однесувањето на вработените во домот не ги одржува политиките и процедурите пропишани во случај на интервенции за итни случаи. Сепак, адвокатот на Фредерикс тврди дека механизмот на третман на деца во оваа институција се заснова на злоупотреба и страв.

Слични содржини