Бруто-надворешниот долг на Бугарија се искачи на 37,6 милијарди евра

од Nikola Popovski

Бруто-надворешниот долг на Бугарија на крајот на март годинава изнесувал 37,6 милијарди евра, што е зголемување за 6,4 проценти во споредба со истиот месец во 2020 година, соопшти вчера Централната банка. На крајот на март, бруто-надворешниот долг одговараше на износот од 58,3 проценти од предвидениот бруто домашен производ (БДП) за 2021 година, се вели во соопштението на Бугарската народна банка.

Во исто време, бугарската новинска агенција, БТА, објави дека преодниот министер за финансии, Асен Василев, вчера изјавич дека има сериозни проблеми во буџетот на земјата во мај и дека треба да се најдат пари за компаниите, здравствениот сектор и пензиите.

Тој на редовниот брифинг со новинарите изјавил дека претходната влада одобрила дополнително потрошувачка од 1,16 милијарди лева (595 милиони евра) над износот планиран во буџетот, оценувајќи дека требало да се изврши ребаланс на почетокот на мај „наместо да се вадат пари од други ставки на буџетот“ за да се задоволат потребите предизвикани од пандемијата.

Василев најавил дека буџетот ќе биде преструктуиран во износ од 810 милиони лева (414 милиони евра), а најголемиот дел од тој износ се капитални и други буџетски расходи.

Слични содржини