Брз, лесен и здрав оброк: Посна пица со зеленчук

Состојки:

– 1 тесто за пица
– 1/2 кг спанаќ или некој друг вид на зеленчук со листови
– 1 лажичка копар
– црни маслинки
– 1 чешне лук
– масло
– сол и бибер

Подготовка:

Исчистениот зеленчук обарете го во врела вода и оставете го да се исцеди во цедалка. Од маслинките извадете ги коските и исечете ги.

Преполовениот лук пропржете го на масло за да го поприми неговиот мирис. Од маслото извадете го лукот и фрлете го, а додајте ги маслинките, зачините, зеленчукот и сол, промешајте, па се заедно пржете го на умерена температура десетина минути.

На подготвеното тесто за пица ставете го предходно подготвениот фил од зелје.

Пицата печете ја околу 30 минути.

Слични содржини