Брз воз на релација Белград – Ниш за час и 20 минути (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави дека денеска е донесена одлука за изградба на брза железница Белград – Ниш.

„Двесте километри на час, 204 километри вкупна должина на железничката пруга. За еден час и 20 минути од Белград до Ниш до крајот на 2023 година. Потпишување на договорот во наредните три месеци“, рече Вучиќ во видеото објавено на Инстаграм.

Другата „фантастична вест“ за Србија, како што изјави Вучиќ, е за 70 општини во централна Србија.

„Ќе потпишеме договор за изградба на фабрики за третман на отпадни води, изградба на канализациони цевки. Крагујевац и Ниш ќе добијат најбрзо“, рече Вучиќ.

Тој оцени дека станува збор за „одлична вест“ – „за почиста Србија, за Србија од 21 век“.

View this post on Instagram

Odlične vesti za građane Srbije!

A post shared by Aleksandar Vučić (@buducnostsrbijeav) on

Слични содржини