Многу вкусна гибаница, а се прави миг!

СОСТОЈКИ:
500 гр кори за пита
300 гр полномасно бело сирење
200 мл јогурт
100 мл масло
4 јајца
1 прашок за печиво
сол
100 мл вода за прелив
1 лажица масло за прелив
малку сол за прелив
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Белките одвојте ги од жолчките и разматете ги во цврст снег. Сирењето издробете го па измешајте го со масло, јогурт, зачини и прашок за печиво. Измешајте белки и добро измешајте.
Намастете тепсија со масло. Корите изгужвајте ги и потопете ги во смесата. Прелијте со остатокот од филот и печете во загреана рерна на 180 степени 30 минути.
Извадете од рерна и прелијте со смеса од вода, масло и сол и уште кратко печете во рерна загреана на максимум.

Слични содржини