БРЗА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА: Уапсен е мажот кој ладнокрвно пукаше во младото момче (ВИДЕО)

од Берта Китинска

Полицијата во Чачак со брза и ефикасна акција го уапси Д. З. (1984) од Чачак поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела тешка телесна повреда и недозволено производство, држење, носење и трговија со оружје и распрскувачки материи.

Полицијата го пронашла и уапсила истата вечер откако испукал неколку истрели во нозете на 27-годишно момче и потоа избегал.

Повредениот млад човек е згрижени во болницата во Чачак. Осомничениот бил притворен и со кривична пријава ќе биде изведен во обвинителството.

Според српските медиуми двајцата биле во конфликт од порано.  Д.З. имал насилно однесување, обид за убиство и дела поврзани со дрога. Повредениот млад човек е познат и по насилното однесување, нанесувајќи му лесни и тешки телесни повреди.

Слични содржини