БСП порача: Не го кријте Борисов, треба да се изјасни за позицијата кон С. Македонија

БСП за Бугарија, повторно и денес побара од Националното собрание да се обрати премиерот Бојко Борисов врзано со темата Република Северна Македонија и позицијата на Бугарија во однос на членството на нашата земја во Европската Унија.

Во пленарната сала нема да се појави премиерот Борисов, но затоа пак, ќе се обратат Екатерина Захариева – министерката за надворешни работи, како и министерот за одбрана, Красимир Каракачанов.

Заменик- претседателот на Националното собрание, Кристијан Бигенин вели дека владејачкото мнозинство повторно го крие Борисов.

Според него, „откако позицијата на нашата земја е веќе заземена и објавена, се поставуваат други прашања во врска со идната политика на Бугарија кон соседот С. Македонија и во врска со проширувањето“.

„Ние веруваме дека дискусијата треба да биде посеопфатна, не конкретно за оваа позиција, туку за односите меѓу двете земји од сега п анатаму. Затоа, сметаме дека треба да се одржи сослушување со премиерот Бојко Борисов, а не со вицепремиерите, како што се предложен од ГЕРБ”, рече Кристијан Вигенин, пренесоа бугарски медиуми.

Слични содржини