Буџетот за 2023 обезбедува повисоки плати и пензии – сите пратеници да го поддржат, бараат од СДСМ

од Nikola Popovski

СДСМ бара сите пратеници во Собранието да го поддржат и изгласаат Буџетот за 2023 година. Според владеачката партија, со новиот Буџет за нови мерки за помош предвидени се 250 милиони евра.

-75 милијарди денари или 10 отсто повеќе се зголемуваат средствата за исплата на пензии, додека 12,5 милијарди денари се предвидени за исплата на надоместоци за социјална заштита на најранливите категории граѓани. Обезбедени се дополнителни средства за усогласување на платите со минималната плата во текот на следната година, согласно новата методологија. Тоа значи дека веќе во март следната година ќе имаме ново зголемување на минималната плата и ново покачување на пензиите, додека грижата за ранливите категории продолжува, велат од СДСМ.

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја продолжи расправата за Предлог-буџетот. Комисијата ја почна дебатата завчера, а денеска е втор од предвидените 10 дена за расправа.

Слични содржини