Бубонска чума која во средниот век уби 50 милиони луѓе веќе стигна во САД

од Aleksandar Petrovski

По потврдени случаи во Монголија, каде едно момче починало, и во Кина, бубонската чума стигнала и до САД.

Верверица во Колорадо е позитивна на бубонската чума, објавија официјалните лица.

Верверицата била тестирана позитивно на 11 јули во градот Морисон, што е прв случај на чума во округот оваа година, се вели во соопштението на Одделот за јавно здравје на округот Џеферсон (JCPH), пренесува Си-Ен-Ен.

Оваа болест е присутна со векови и е одговорна за најсмртоносната пандемија во човечката историја. Се проценува дека 50 милиони луѓе во Европа починале за време на пандемијата на црна смрт во средниот век.
JCPH ја предупредува јавноста дека и луѓето и животните можат да бидат заразени со оваа болест доколку не се преземат мерки на претпазливост.

Болеста може да се пренесе со каснувања од мува и преку заразени животни. Иако современите антибиотици можат да спречат компликации и смрт доколку се лекуваат доволно брзо, чумата сепак претставува голема опасност за луѓето и животните.

Болеста може да предизвика болни, отечени лимфни жлезди. Треска и кашлица се исто така симптоми што луѓето може да ги доживеат.

На 7 јули кинеските власти го потврдија случајот со бубонската чума во Монголија.

Да потсетиме, пред неколку дена беше објавено дека петнаесетгодишно момче починало од бубонска чума во Монголија, а десетици луѓе кои биле во контакт со него се во изолација.

Чумата неодамна се вратила, а Светската здравствена организација ја класифицирала како повторлива болест.

Што е бубонска чума?

Бубонската чума, предизвикана од бактериска инфекција, е одговорна за една од најсмртоносните епидемии во човечката историја – Црната смрт – во која починаа околу 50 милиони луѓе низ Африка, Азија и Европа во 14 век.

Оттогаш имало неколку големи епидемии. Таа уби околу една петтина од населението во Лондон за време на Големата чума во 1665 година, додека повеќе од 12 милиони луѓе починале во епидемии во текот на 19 век во Кина и Индија.

Денес, сепак, чумата лесно се лекува со антибиотици. Доколку не се лекува, болеста, која обично се пренесува преку болви од животни на луѓето, има смртност од 30 до 60 проценти.

Симптоми на чума вклучуваат треска, гадење, слабост и отечени лимфни жлезди во вратот, пазувите или препоните.

Може ли да има нова епидемија?

Бубонските чуми се ретки, но одвреме-навреме сè уште се појавуваат во некои случаи.

Така, имало повеќе од 300 случаи во Мадагаскар за време на избувнувањето во 2017 година. Сепак, според студијата објавена во медицинскиот весник „Лансет“, починале помалку од 30 лица.

Во мај минатата година, од чума починале две лица во Монголија, со кои тие се заразиле откако јаделе сурово месо од мармот – истиот вид глодар со кој стапил во контакт уште еден сомнителен случај.

Сепак, малку е веројатно дека некои случаи ќе доведат до епидемија.
– За разлика од 14 век, ние сега знаеме како се пренесува болеста. Ние знаеме како да го спречиме тоа. Исто така, ние сме во состојба да лекуваме заразени пациенти со ефективни антибиотици – рече докторот за заразни болести Шанти Капагода.

Доаѓањето на антибиотици, кои можат да лекуваат повеќето инфекции доколку бидат откриени доволно рано, помогна да се спречат епидемиите од чума и да се запре брзото ширење што беше во Европа во средниот век.

Сепак, додека модерната медицина може да излечи чума, таа не ја елиминира целосно.

Помеѓу 1.000 и 2.000 луѓе ја добиваат чумата секоја година, според СЗО.

Трите најендемични земји – што значи дека чумата е постојана таму – се Демократска Република Конго, Мадагаскар и Перу.

Во Соединетите држави има неколку десетина случаи на чума секоја година. Две лица починале од чума во Колорадо во 2015 година, а една година порано имало осум случаи во државата.

Во моментов нема ефикасна вакцина против чума.

Слични содржини