Бучковски: Амбициите на САД и ЕУ се Софија да ја тргне блокадата кон Македонија

од Nikola Popovski

Изборите што се одржуваат во недела кај вас се исклучително важни за нашите амбиции, но и за амбициите на САД и на Европската унија, а тоа е Софија да ја укине блокадата за почеток на преговорите за Македонија за членство во ЕУ, вели специјалниот претставник на Владата во преговорите со Бугарија Владо Бучковски, во интервју за бугарската новинска агенција БГНЕС.

Според него, во недела ќе се избере владин кабинет во Софија.

-Прашање е дали ГЕРБ на Бојко Борисов ќе формира коалициски кабинет или таканаречените протестни партии предводени од „Продолжуваме со промената“ на поранешните министри Петков и Василев, вели Бучковски.

Тој потенцира дека за нас се важни роковите за составување на владата бидејќи се наоѓаме во цајтнот пред Советот на Европската Унија кој ќе се одржи во средината на декември.

-САД и Европската унија не кријат дека ги чекаат изборните резултати за да помогнат да се најде решение за спорот со Македонија. Позициите на Борисов и Радев ни се добро познати. Протестните партии и пред се „Продолжуваме со промената“, се исклучително позитивни во однос на изнаоѓање решение и укинување на блокадата, додава Бучковски.

Слични содржини