Бучковски: Бугарија да не се надева дека можеме одеднаш да го промениме Уставот

од Nikola Popovski

Специјалниот претставник на владата за Бугарија, Владо Бучковски смета дека проценките на нашата влада и МНР е дека Македонија треба да испорача и даде резултати во спорот со Бугарија на Меѓувладина конференција.

-Затоа ние очекуваме дека ако дојде до формирање на влада час поскоро, првата задача би била да ја договориме таа конференција. Тој е инструментот на договор. После тоа полесно би влегле во завршницата за прашањата меѓу нас. Мислам дека не требаат гаат илузии од бугарска страна дека можеме одеднаш само да го смениме Уставот. За промена на Уставот и преамбулата е потребно две-третинско мнозинство во Собрание. Моја проценка е дека тоа е невозможно мисија. Треба да се разговара и со ВМРО-ДПМНР како фактор, без кој не може да се смени уставот. Мислам дека треба да ги искористиме сите институционални инструменти, потенцира Бучковски во емисијата „360“, зборувајќи за барањето на официјална Софија во македонскиот Устав да биде запишано постоењето на бугарското малцинство во земјава.

Слични содржини