Бучковски: Бугарското општество сѐ уште не е подготвено да поддржи кревање на блокадата

од Берта Китинска

Проф. д-р Владо Бучковски,смета дека поголема е нервозата во Софија отколку во Скопје, а политиката на ВМРО-ДПМНЕ е константна.

-Сметам дека треба да побараме и ние гаранции за заштита на идентитетот и ова да премине во надградба на договорот за пријателство.Владата на Петков која најави дека ќе работи за иднината, а не за минатото предизвика нервоза во Бугарија. Тој беше изложен на напади и од националистите во Бугарија, но со право ги загуби и симпатиите во Македонија. Ние бараме точки што можат да нѐ поврзат. Двете земји се охрабрени од ЕУ дека сега е моментот да се постигне договор, но како да се нема расположение. Османи рече дека како да се затвора прозорецот, но не треба така, мора да се работи на приближување, вели Бучковски.

За можноста Русија да го искористи овој момент, Бучковски вели дека таа секако ќе го искористи и го користи, оти прашањето не е само меѓу Бугарија и Македонија туку се однесува и на ЕУ.

-Односите помеѓу двете влади се на потребното ниво, но не можат да го имаат потребниот ефект кога во Бугарија има министер за надворешни работи која го обвинува Петков дека води издвоена агенда од онаа на владата. Бугарското општество сѐ уште не е подготвено да поддржи кревање на блокадата, вели Бучковски во Утрински Брифинг.

Слични содржини