Бучковски: Не можеме да чекаме Историската комисија да го трасира патот кон ЕУ, добредојдени се искусни експерти кои решавале слични проблеми

од Nikola Popovski

Специјалниот претставник на Владата, поранешниот премиер Владо Бучковски, истакна дека не била државна стратегија на Владата или претседателот Пендаровски да се оди на варијантата дека со промена на власта во Бугарија, ќе се промени атмосферата во спорот со Македонија.

„Никој немал различни ставови, дека ќе се променат вашите ставови усвоени во Парламентот“, вели Бучковски во изјава за бугарската „БНТ“.

Според него, нашите позиции се кристално јасни, а тоа е дека треба да најдеме заеднички именител.

„Решението е во почитување на Договорот за добрососедство и пријателство од 2017 година. Мене ми е совршено јасно дека на крајот се ќе се прекрши околу заедничката историја. Времето ќе работи за Историската комисија, но не можеме да чекаме таа да го трасира патот кон европската иднина“, истакна Бучковски и додава дека би биле добредојдени искусни експерти кои решавале слични проблеми.

Тој вели дека со експресниот пат што се гради кон Бугарија, ќе стигаме во Софија за 3 часа, наместо досегашните 4.

„Мислам дека што побрзо треба да изградиме автопат меѓу Скопје и Софија и да стигаме за 2 часа, како што е нормално за две соседни земји и 2 главни градови“, потенцира Бучковски во интервјуто.

 

Слични содржини