Бучковски: Ниту јас, ниту Захариева не можеме да ја промениме заедничката историја

од Nikola Popovski

Специјалниот претставик за Бугарија, поранешниот премиер Владо Бучковски на денешната заедничка прес-конференција во Софија со бугарската министерка за надворешни работи, изјави дека имал конструктивни разговори.

„Повеќе од еден час имавме тет-а-тет средба. Признавме дека е нарушена довербата. Јас го изразувам лично своето задоволство што пријателска Бугарија го смета моето назначување, како дополнителен напор за да ја вратиме изгубената доверба. Во периодот кој претстои повеќе да се фалиме со сработеното“, истакна Бучковски.

Тој потенцира дека заедничката историја не може да ја промени ниту тој, ниту министерката Захариева.

„Но можеме да ги промениме работите во инфраструктурата, капиталните проекти, посилна соработка во образованието и науката и правец за зближување на двата народи“, изјави Бучковски.

Слични содржини