Бучковски: Овде веќе не е табу тема да се говори дека имаме заедничка историја со Бугарија

од Nikola Popovski

„Бугарските медиумски личности очекуваат дека јас, Георгиевски и Малевски, кои впрочем и не спомнуваат во Меморандумот како луѓе кои во Македонија се меѓу ретките кои се залагаат за конструктивна улога, многу повеќе ќе се бориме во Скопје и тие го префрлуваат товарот кај нас. Според нив, недоволно се развива дебатат што е она нашата земја треба да го направи за Договорот за добрососедство“, изјави поранешниот премиер Владо Бучковски за емисијата „Клик плус“.

Тој истакна дека веќе не е табу тема овде да се говори за заедничка историја со Бугарија.

„Нас не повредува кога го напаѓаат идентитетот, јазикот. Тешко ќе се дојде до компромис, но не и невозможно, заради блискоста на Заев и Борисов. Сепак, ние многу направивме за 2 години“, вели Бучковски.

Слични содржини