Бучковски: Петков ќе води поинаков начин на преговори, охрабрувањето за кревање на блокадата е уште поголемо

од Nikola Popovski

„Промените продолжуваат“ на Кирил Петков постигнаа голем успех, иако се нова партија. После третите избори, Бугарија ќе добие политичка влада, вели специјалниот претставник на Владата за преговорите со Бугарија, Владо Бучковски во емисијата „Топ тема“.

Според него, на една недела пред изборите Петков ги отворил картите во поглед на Македонија, во интервју.

-Другите тактизираа, ГЕРБ, Социјалистичката партија, Слави Трифонов. Бев изненаден од вокабуларот и пораките на Петков пред изборите и вчера тој ги повтори двапати. Охрабрувањето за кревање на блокадата е уште поголемо. Ќе имаме поинаков начин во водење на преговорите. Пристапот на Петков е формализиран од македонската страна уште од кога станав специјален претставник на владата. Сепак, сметам дека времето не ни сојузник до декември, потенцира Бучковски.

Слични содржини