Бучковски: Поради блокадата се зголеми омразата на Македонија кон Бугарија

од Vladimir Zorba

Мојата порака до пријателите во Бугарија е размислете каков е ефектот од блокадата. Дали со блокадата ја постигнавте целта или го зголемивте степенот на говорот на омразата? Одговорот е се зголеми омразата, вели поранешниот олеснувач во спорот меѓу С.Македонија и Бугарија, професорот Владо Бучковски за „БНТ“.

Нашиот менталитет бидејќи е ист, балкански, не сме инаетчии само кога треба и кога не треба, туку карактерот ни е многу близок, вели тој.

– Многу работи ќе одат напред, и мислам дека тоа е порака за двете нови влади, ако без притисок, без блокади, бараме решение. Решенијата се во договорот, додаде тој.

Слични содржини