Бучковски: СДСМ сигурно ќе победи ако денес има избори

од Vladimir Zorba

Професорот на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Владо Бучковски, во дебата на „360 Степени“ изјави дека доколку денес има избори сигурно ќе победи СДСМ.

Сепак на 21 или на 28 јуни, кампањата дава можност ВМРО-ДПМНЕ да покаже многу повеќе од ова што го покажа од октомври до денес.

– Мислам дека падот на ВМРО-ДПМНЕ почна од моментот кога не ја искористи шансата да има брзи предвремени избори до крајот на минатата година. Така што, мислам дека СДСМ влегува како фаворит на изборите и сега, а според мене не гледам кога би можело да биде друг. Колку ќе биде разликата не можам да проценам, но во секој случај на Македонија и треба парламент, и треба нова сила за да можеме да бидеме подготвени евентуално, не само за вториот бран, евентуално за економските неприлики кои не очекуваат и нас и сите други, затоа што оваа пандемија очигледно ќе не мачи најмалку до крајот на 2021, ако ги слушаме експертите“, вели Бучковски.

Слични содржини