Бучковски за Заев: Тој во целата своја кариера не се штедел, оставката не е потребна

од Nikola Popovski

Поранешниот премиер и претседател на СДСМ, Владо Бучковски смета опозицијата имала изненадувачка дисциплинирана кампања и го натерале СДСМ помалку да зборува за проектите.

-Посебно ме изненади и за анализа се и дебатите за Скопје. Заев се навлече на политиката на ВМРО-ДПМНЕ и се обиде да извлече максимум во вториот круг. Сепак, резултатите од првиот круг го одлучија победникот. Заев во целата својата политичка кариера не се штедел, ниту во опозиција кога се објавуваа бомбите, ниту на власт кога се решаваше спорот со името со Грција или пак кога се преговараше со Бугарија. Тој и сега направи се, но до пресврт сепак не дојде. Оставката за изгубени локални избори не е потребна, вели Бучковски во емисијата „Клик плус“.

 

Слични содржини