Бучковски заминува во Софија: „Доаѓам како пријател и со добра волја“

од Берта Китинска

Владо Бучковски, денеска ќе ја оствари првата официјална посета на Софија откако е назначен за специјален претставник на македонската Влада за решавање на спорот со Бугарија.

„За време на мојата посета на Софија, ќе имам состаноци со премиерот Бојко Борисов, вицепремиерот и министер за надворешни работи Екатерина Захариева и министерот за одбрана Красимир Каракачанов“, изјави Владо Бучковски за БГНЕС.

Тој во четврток ќе има средба и со бугарскиот претседател, Румен Радев.

„Доаѓам на покана од бугарската влада. Доаѓам како ваш голем пријател и со голема добра волја“,изајви Бучковски за БГНЕС.

Софија вчера во Брисел вчера стави вето на преговарачката рамка за Македонија, за почеток на преговорите со Европската Унија.

Слични содржини