Буфон: Ќе ја изберам најлудата понуда

од Stefanija Kuzmanovska

Легендарниот голман Џанлуиџи Буфон вчера беше веројатно за последен пат член на Јувентус.

– Горд сум на овој крај. Јуве, навивачите, претседателот, соиграчите и тренерот секогаш ќе бидат дел од мојот живот, изјави Буфон по победата во финалето на Купот на Италија над Аталанта во „Реџо Емилија“.

По втор пат е во клубот од Торино, каде главно бранеше куп-натпревари и дуели во Лигата на шампионите, а бидејќи Јуве го освои Купот на Италија, логично беше Џиџи да зборува за тоа каде ќе ја продолжи кариерата.

Покрај Јувентус, во два наврати Буфон играше за Парма и Пари Сен Жермен.
Легендарниот италијански голман има 43 години и се чини дека тој сепак сака да брани.

– Сите работи имаат свој крај. Јас имам 43 години и морам да одлучам. Имав многу понуди, онаа која е најстимулативна и најлуда, јас ќе ја изберам. Добив понуда од службено лице кој ќе мепретекне по лудило. Јас ги сакам тие луѓе. Животот треба да се живее, ако поради некоја причина сум овде, тоа е вистина заради малку лудост што ми дозволуваше секогаш да сонувам за нови проекти и достигнувања. Морам да се борам, да патувам, да се грижам за своето тело и енергија. Може да застанам, но ако некој е полуд од мене и ако некој мисли на нешто полудо од мене, јас ќе го следам – посочи Буфон.

Слични содржини